Десетици Палестинци на југот на Газа протестираа против милитантната група Хамас поради тоа што групата отворила оган врз млади мажи кои се обидувале да земат хуманитарна помош. Според очевидците нередите се случиле во градот Рафа во близина на границата со Египет.
Демонстрантите запалиле полициска станица управувана од Хамас, а, како што се наведува, еден млад човек бил убиен.
Газа се соочува со глад доколку не се зголеми хуманитарната помо. Ситуацијата е хаотична. Претставници на Обединетите нации изјавиле дека самата војна го отежнува транспортот на добра и стоки.