More

    Трамп вети дека ќе ги ослободи „заложниците“ кои упаднаа во Капитол

    spot_img

    Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, вети дека ќе ги ослободи лицата затворени за учество во упадот во американскиот Капитол во 2021 година и ќе ја затвори границата со Мексико како еден од неговите први чекори доколку биде реизбран.

    Бунтовниците, кои беа поттикнати на акција со лажни тврдења за изборна измама на последните претседателски избори, упаднаа во седиштето на американската демократија на 6 јануари 2021 година за да го спречат префрлањето на власта од Доналд Трамп на Џо Бајден.

    1.358 бунтовници се обвинети во изминатите 38 месеци, а околу 500 беа осудени на затворски казни.

    „Мојот прв потег како ваш следен претседател ќе биде затворање на границата и ослободување на заложниците на 6 јануари кои неправедно се затворени“, напиша тој на платформата Truth Social.

    Претходниот претседател на САД и другпат ги нарекол своите затворени поддржувачи „заложници“ и предложил да бидат ослободени. Во јануари тој го повика претседателот Бајден „да ги ослободи заложниците од 6 јануари“ за време на предизборниот митинг во Ајова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img