Ако нешто не е во ред со нашето тело, телото ќе ни каже. Сепак, често ги игнорираме овие сигнали, па симптомите може да прераснат во посериозен здравствен проблем.
Откријте кои сигнали ви кажуваат дека на вашето тело му е потребна помош.
1. Проблеми со спиењето, раздразливост, грчеви во нозете
Доколку страдате од овие проблеми, потребно е да консумирате повеќе храна богата со магнезиум и калиум, како што се семките од лен, сончоглед, бадеми, спанаќ, кељ, блитва, цвекло, сливи и кајсии.
2. Преголема желба за солена храна
Предупредува на инфекција или воспаление некаде во телото, особено ако се работи за воспаление на урогениталниот тракт.
3. Сува кожа
На вашата кожа и треба повеќе витамин Е и треба да го зголемите внесот на растително масло, масна риба и јаткасти плодови.
4. Прекумерна желба за слатки
Тоа може да биде знак за исцрпеност на нервниот систем и дека на вашето тело му треба повеќе гликоза за да се снабдува со енергија. Во моментите кога чувствувате огромна желба за слатки, изедете малку мед или темно чоколадо за да избегнете проблеми во гастроинтестиналниот тракт, пишува Satisfied.
5. Крварење на непцата
Треба да пиете повеќе чај и да консумирате повеќе овошје бидејќи крварењето на непцата е сигурен знак дека ви недостасува витамин Ц. Богати извори на витамин Ц се лукот, овошјето и зеленчукот.
6. Сува кожа на лактите
Тоа укажува на недостаток на витамини А и Ц. Јадете повеќе портокали, кајсии, моркови и тикви.
7. Зголемена желба за храна од море
Тоа укажува на недостаток на јод во организмот.
8. Голема желба за кисела храна
На вашето тело му е потребна храна која ќе ја стимулира работата на жолчното кесе и црниот дроб. Додадете повеќе лимони и брусница во вашата исхрана.
9. Кршливи коса и нокти
Тоа укажува на недостаток на витамин Б и калциум. Консумирајте повеќе млеко, компири, мешунки, пченични никулци и цели зрна.
10. Прекумерна желба за сирова храна
Ако сакате сирова храна, тоа може да укажува на проблеми со црниот дроб или гастритис. Суровата храна ќе ги ублажи грчевите и ќе го смири желудникот.