More

    ДЕСЕТ ПОЖАРИ СЕ АКТИВНИ, НАЈТЕШКО СЕ ГАСНЕ КАЈ СЕРТА

    spot_img

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов попладнево изјави дека денеска во земјата се активни десет пожари на отворено од кои неколку од попладнево, како што е шумскиот пожар над Радовиш, кој влезе во борова шума.

    Најсериозен и најтежок пожар за гаснење, потенцира тој, е пожарот на планината Серта, кој сега се простира делумно на територијата на Штип и делумно на територијата на Неготино. Голем пожар има и во Општина Ново Село, на планината Огражден.

    – За жал, попладнево овој пожар уште повеќе се разгоре. Моментално таму дејствува еден турски хелихоптер и најверојатно попладнево ќе му се придружи и еден полициски хелихоптер. Покрај ова, голем пожар имаме и во Општина Ново Село, на границата со Бугарија, на планината Огражден каде што денеска цел ден дејствуваат четири ер трактори – два на Дирекцијата и спасување и два турски ер тракори. Имаме голем успех со дејствувањето на ер тракторите. Пожарот е при крај да биде локализиран. Јас сум голем оптимист и сметам дека вечерва овој пожар ќе биде локализиран за да можеме утре ер-тракторите да ги упатиме кај големиот пожар кај планината Серта – рече директорот на ЦУК.

    Воедно, како што кажа, утре претпладне се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија – еден голем хелихоптер со носивост од пет тона од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.

    – Овие ресурси добар дел од нив ќе ги сконцентрираме на планината Серта и во зависност од развојот на состојбата и на некој од другите шумски пожари затоа што состојбата се менува од минута во минута – рече тој во изјава за медиумите.

    Ангелов изјави дека во гаснењето на пожарите денеска се вклучени и 103 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта.

    – Во случај на потреба имаме на располагање дополнителен број на војници, како и дополнителен број на полицајци, но теренот на планината Серта е таков што не дозволува поголем ангажман на луѓе од земја, бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума – изјави Ангелов.

    Тој информираше и изрази жалење поради тоа што во изминатите два дена со огнот биле зафатени и одредена количина на зимзелена шума.

    Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици денеска направил 23 налети исфрли над 35 тони вода на пожарот на планината Серта, а дејствувал и во атарот на с. Калањево, општина Неготино.

    Ангелов информираше дека пожарот над Радовиш попладнево зафатил и борова шума.

    – Пожарот кој изби над Радовиш се претвора во многу тежок шумски пожар бидејќи огнот веќе влезе во борова шума. Локалните пожарникари од ТППЕ Радовиш се обидуваат да ја пресеќат инијата на огнот. Сега ќе побараат помоѓ од ТППЕ Струмица – рече Ангелов.

    Според него, овде е лоша прогнозата од искуството со пожари во борова шума бидејќи се многу тешки за гаснење. Најави пренасочување на некои од воздухопловите за гаснење на пожарот.

    – Се работи за пожар кој е на седум километри подалеку од Радовиш, на неколку километри од боровата шума има викенд населба покрај самата река. Пожар кој може да прерасне во уште пострашен пожар – изјави Ангелов.

    Активен пожар кај селото Пепелиште попладнево го затвори за сообраќај регионалниот пат Неготино – Штип, информира АМСМ. Сообраќајот е во прекин од 16 часот и во двата правца.

    Како што информираат од АМСМ, причина за затварање на патот а активен пожар, со цел за безбедност на учесниците во сообраќајот.

    Изгаснат е крајниот северозападен крак од големиот пожар кој избувна пред шест денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, а доцна попладнево се гасне југозападниот крак, веднаш до границата со Бугарија, информираа од ТППЕ Струмица.

    – Во раните утрински часови, тим од седум пожарникари од ТППЕ Струмица учествува во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден кој за неколку денови опустоши стотици хектари нискостеблеста дабова и борова шума. Теренот е крајно непристапен, но сепак тимот успеа да се доближи до самото жариште на пожарот, соопштија од ТППЕ Струмица.

    Гаснењето е во координација со четири авиони „Ер трактор“, два на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и два од Република Турција. Пожарот ќе се гасне до крајот на денот.

    Во меѓувреме општина Битола информираше дека голем пожар избил над обиколницата на Битола и дека над 50 лица, од кои 35 пожарникари на ТППЕ, а другите граѓани доброволци учествуваат во гаснењето. Двајца пожарникари биле повредени.

    Еден хоспитализиран пожарникар има изгореници на дланките и на подлактицата. Вечерва во битолската болница тој беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов во Тема на денот на ТВ Сител потврди дека има повреден пожарникар во пожарот во Битола и појасни дека таму горат нискостеблести растенија.

    – Пожарот во Битола мислам дека нема да ни зададе голема главоболка. Таму често се појавуваат палења во тој дел. Таму има нискостеблесто растение има таму. Има таму еден тунел кога се оди кон Охрид. Верувам дека граѓаните го знаат тоа место. Има една ромска населба и во близина на населбата е запалена нискостеблеста шума. За жал, еден пожарникар е повреден при гаснењето изгорени му се далнките и подлактицата – изјави Ангелов.

    За пожарот кај селата Челопек и Милетино во општина Брвеница од ЦУК велат бил локализиран во 16 часот и 20 минути. Вкупно интервенирале ТППЕ со три возила и осум пожарникари, 1 багер од ЈКП Брвеница со 5 вработени, двајца полициски службеници како и градоначалникот на Општина Брвеница кој бил присутен на местото на настанот. Состојбата се следи.

    Исто така, на 112 е добиена пријава на пожар на отворено кај Бегово Поле и полициска куќарка кај Бачила и пред руски споменик пред Планинарски Дом Караџица. При конференциски повик со БППЗ Скопје е известено дека пожарот е на непристапен терен и со возила би требало многу време да се дојде до таму, велат од ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img