More

    Десет наслови во трка за „Роман на годината“ – Селектирани се oд 36 пристигнати дела

    spot_img

    Комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Влада Урошевиќ (минатогодишен лауреат и претседател на Комисијата), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), селектираше десет романи што останаа во трката за наградата „Роман на годината“.

    На годинашниот конкурс пристигнаа 36 романи. Комисијата во првата селекција одбра 19 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи:

    – „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“;

    – „Мина“, Игор Анѓелков, „Или-или“;

    – „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“;

    – „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или-или“;

    – „Гени, мени, сени (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема издателство“;

    – „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже Миневски, „Матица македонска“;

    – „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“;

    – „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или-или“;

    – „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“;

    – „Бела Сама“, Виолета Танчева-Златева, „Три“.

    Наградата „Роман на годината“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а нејзин генерален покровител е Комерцијална банка АД, Скопје. Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

    Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 15 март.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img