Десет лица се повредени во голем пожар што избувна денеска во фабрика за медицински производи во истанбулскиот реон Есенјурт.
Пожарот, чии причини сè уште не се утврдени, зафати трикатна зграда. Работниците веднаш биле евакуирани, а на местото на настанот пристигнале бројни амбулантни возила, пожарникари и полиција. На повредените, кои вдишале чад, им е укажана прва помош.
Пожарникарските екипи и понатаму работат на целосно гасење на пожарот.