Денеска претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално се прогнозирра невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност.
Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи исо краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.