More

    Денеска се навршуваат 16 години од смртта на македонскиот славеј Тоше Проески

    spot_img

    Денеска се навршуваат 16 години од смртта на македонскиот славеј Тоше Проески.

    Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.

    По 16-ти пат, маратонците трчаат во чест на Тоше Проески – „Трчаме за нашиот ангел“. Пред да тргнат на пат долг 900 километри, маратонците положија цвеќе пред споменикот на Тоше кај Новоградското електротехничко-економско училиште.

    Маратонците на 14 октомври започнаа да трчаат од Нова Градишка кон Крушево. Во петокот ја посетија македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ каде беа пречекани од македонскиот амбасадор во Хрватска.

    Тие трчаат низ целата територија на Хрватска и на Србија, па до Скопје. Оттука ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат денеска, 16 октомври, околу пладне, на годишнината од загинувањето на Тоше Проески.

    Учесниците ќе го завршат ултрамаратонот на Гумење каде ќе му оддадат почит на Тоше.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img