Во голема акција на УСКОК и полицијата во саботата беа уапсени неколку лица кои се осомничени дека сториле кривични дела нарушување на довербата во деловното работење и помагање во злоупотреба на довербата во деловното работење, сето тоа како дел од злосторничко здружување и кривични дела перење пари. Поконкретно, станува збор за водење бизнис на штета на ИНА. На сметките на уапсените се блокирани околу 800 милиони куни, што е значително повеќе од првично проценето. Уапсен е еден од директорите во ИНА, првиот човек на Хрватската адвокатска комора и поранешен прв човек на Хрватската ММА лига. Сите се товарат за перење пари на начин што при трансакции со природен гас оствариле добивка од над 850 милиони куни на штета на две трговски друштва. Одлуката за притвор за уапсените треба да биде донесена во текот на денот в недела.