Денеска нè очекува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринските температури ќе се двоижат од 0 до 9 Целзиусови степени, а максималните дневни од 6 до 16 Целзиусови стапени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утре, недела, ќе биде сончев и релативно топол ден, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од минус 1 до 4, а максималната од 13 до 20 Целзиусови степени.