More

    Денеска на помош доаѓаат и хеликоптери од Словенија, Србија и Црна Гора

    spot_img

    Пожарот на планината Серта утрово се гасне од воздух и од земја. На огнената стихија се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на армијата, полицијата, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци.

    Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово информира дека турскиот хелихоптер е веќе упатен кон Серта, како и дека сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

    – Нашиот фокус во текот на претпладнето и во текот на денот ќе биде ставен на пожарот на Серта, доколку другите пожари не побаруваат употреба на воздухоплови. Најголемиот дел од воздухопловите ќе ги фокусираме на овој пожар на Серта. Трае долго време и зафаќа голем фронт, но карактеристично за него е тоа што во текот на ноќта тој стивнува – Ангелов.

    Ангелов оцени дека овој пожар е најсериозен и најтежок за гаснење бидејќи се работи за исклучително тежок терен испресечен со долови, карпест терен со ридишта, густи трња и грмушки и друг тип на нискостеблести растенија и делумно шума. Пожарот на Серта синоќа се простираше на територија на Штип и делумно на Неготино.

    Како што беше најавено, претпладнево се очекува да пристигнат и два хелихоптери од Словенија и еден голем хелихоптер со носивост од 5 тони од Србија, а најавен е и еден хелихоптер од Црна Гора.

    В гаснењето на пожарите се вклучени и 103 припадници на Армијата и 30 припадници на полицијата, сите во гаснењето на пожарот на планината Серта.

    Ноќеска под контрола беше ставен и пожарот над Радовиш. Пред да биде ставен под контрола, постоеше опасност тој да се прошири на викенд населбата која се наоѓа во близина на градот. Локалните пожарникари дежураат во текот на целата ноќ за да не дозволат тој да се прошири.

    Поради активниот пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци.

    Синоќа беше активен и пожарот над Битола, но како што изјави Ангелов, не претставуваше опасност за градот. Поради пожарот од ноќеска се пренасочува сообраќајот од обиколницата Битола, патен правец Прилеп – Ресен, низ градот Битола. Во гаснењето на пожарот вчера попладне лесно беа повредени двајца пожарникари. Едниот кој имаше изгореници на дланките и на подлактицата е хоспитализиран во битолската болница, додека другиот беше пуштен на домашно лекување.

    Повеќе од 120 пожарникари, доброволци и возила на противпожарната единица ноќеска беа на терен. Доколку до утрово пожарот не биде ставен под контрола, тој ќе биде гасен и од воздух.

    Во земјава вчера беа активни десет пожари, а попладнето се појавија и нови.

    Вчера седница одржа и Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

    – На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора – потенцираше министерот Тошковски.

    Полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img