Денеска на плоштадот ќе се слави платинестата годишнина на кралицата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британската полиција денеска соопшти дека накратко го евакуирала лондонскиот плоштад „Трафалгар“, кој се наоѓа во близина на местото каде што подоцна ќе има прослава за одбележување на платинестата годишнина на кралицата Елизабета Втора.

Набргу по евакуацијата, алармот бил укинат.

„Инцидентот е завршен и плоштадот наскоро ќе биде отворен“, објави полицијата на Твитер.

Претходно, денеска портпаролот на полицијата изјави дека се вршат увиди во областа.

Во близина се наоѓа Бакингемската палата, пред која денеска ќе биде организиран концерт.

Се претпоставува дека алармот бил вклучен поради сомнителен пакет.

Share This Article