Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2).
Во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и во повисоките места од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.
Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.