Денеска во најголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 степени во Маврово до 3 степени во Гевгелија, а максималните дневни од 6 во Маврово и 16 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 0 до 15 степени.
В четврток времето ќе биде сончево мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од – 4 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 6 степени до 16 степени.