Денеска денот и ноќта ќе траат исто

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Есента во земјава и на северната хемисфера почна денеска во 3.03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта.

Првиот есенски ден ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.

Есента ќе трае до 21 декември во 23 часот и 48 минути, кога календарски започнува зимата.

На почетокот на есента и почетокот на пролетта вообичаено е да има рамнодневица, односно  должината на денот и на ноќта да е иста. Рамнодневица има на 22 септември и на 20 март. На есенската рамноденица, центарот на Сонцето е над хоризонтот точно 12 часа.

Рамноденицата најчесто е на 22 или 23 септември, но има исклучоци. Таа се случила  на 21 септември во 1931 година, а повторно ќе се случи на 21 септември во 2092 година. Есента ќе започне на 24 септември во 2303 година.

Share This Article