Денешниот ден 29 ноември предизвикува убави чувства кај постарите генерации кои се потсетуваат на „Денот на Републиката“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денешниот ден 29 ноември предизвикува убави чувства кај постарите генерации кои се потсетуваат на „Денот на Републиката“.  Зошто е важен овој некогашен празник за помладите? Пред четири години на социјалните мрежи осамна една слика на која се дадени сите продукти кои биле произведувани во Југославија. „За најмладите, ова е мапа на Југославија, а на неа има најмалку 15 фабрики за мотоцикли, автомобили, камион, автобуси!“, пишува во објавата. На мапата „не може да се фрли игла“ од тоа колку брендови постоеле.

На овие простори се правеле и бродови, авиони, вагони, оружје, па дури и компјутери, а некои од брендовите биле познати и во светот.

Она што е интересно за Македонија е дека на денешниот ден можеби за првпат на едно интернационално ниво во градот Јајце во Босна и Херцеговина, на второто заседание на АВНОЈ, биле признаени Македонците и Македонија како посебен и конститутивен народ во сопствена држава, заедно со Црногорците, Србите, Хрватите и Словенците. Овој потег дава импулс што влијаел овие народи понатаму да бидат признаени и во други меѓународни институции.

Лани на овој ден југословенската тробојка осамна на улиците на Кочани закачена на автомобили заедно со знамиња со ликот на Тито и натписот „За слобода и независност на социјалистичката република“ и „Македонски титови следбеници“. Празникот неформално се празнува и по распаѓањето на СФРЈ во неофицијална форма. Во Србија и официјално празникот се славел до април 2002 година кога бил укинат.

Доколку денес би постоела Југославија, таа би била голема колку Велика Британија, воено моќна колку Грција, а богата колку Перу или Казахстан.

Исто така, малку е познато дека во некогашна Југославија било планирано да влезат Егејска Македонија, Албанија, Бугарија и Романија, но преговорите пропаднале, а во некои од овие места победило западното влијание по Втората светска војна.

Постои и една смешна „балканска димензија“ од деновите кога се празнувал овој ден. Имено, многу луѓе колеле прасиња и јагниња во чест на „братството и единството“, а масивно се закажувале и свадби.

Секако, пеењето песни за Тито и станувањето Титов пионер со давањето заклетва кон државата за постарите генерации уште претставува една свежа и убава меморија од времето за една поголема држава која, како што велат, била „средена, чиста, успешна…“

- Advertisement -
Ad image

Дури и бендот „Забрањено пушење“ со иронија или без иронија ја отсвире песната „Дан Републике“ која станала хит за генерации и генерации.

Share This Article