ДЕН 4 – ОХРИДСКА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА
Детската новогодишна програма продолжува и денеска на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Во 12:30 часот ќе биде изведена новогодишната претстава „ Каде е Дедо Мраз?!“. Во претставата се раскажува интересна приказна за новогодишна авантура на помошниците на Дедо Мраз. Во претставата играат: Дарко Богески, Јана Пауноска, Фаик Мефаиловски и Филип Кипровски.
Со почеток во 18:00 часот најмладите ќе можат да уживаат во претставата за деца „Четирите принцези и Дедо Мраз“. Во претставата преку креативна театарска игра и веселиот кловн Кики се интерпретира новогодишна тематика за четирите годишни времиња кои ја чекаат Новата година.