More

    Демократскиот сојуз смета дека најавите за оставки на министрите на ДУИ се блеф

    spot_img

    Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф, реагира Демократскиот сојуз (ДС).

    „ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број промашени капитални инвестиции, како и колапсот на државните институции, се доволни причини за повлекување од власта.

    ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации. За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани, а ги загрози и европските перспективи на Македонија“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

    Оттаму додаваат дека Владата нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избори, како демократски чин за промена на власта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img