More

    „Деловите ќе се вратат дома“, вели контроверзниот руски државник

    spot_img

    Мапа на голема Русија и на Украина стоеше на пано зад поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев за време на негово обраќање, а на картата со украинско знаме беше означен само регионот околу главниот град Киев, речиси стиснат до Полска. Во говорот Медведев рече дека „историските делови од Русија ќе се вратат дома“.

    – Еден од поранешните украински лидери во одреден момент рече дека Украина не е Русија. Тој концепт мора да исчезне засекогаш. Украина е дефинитивно Русија – изјави Медведев кој сега ја извршува функцијата заменик шеф на Советот за безбедност на Русија.

     

     

    Тој ја отфрли можноста за мировни преговори со актуелното украинско раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски и рече дека секоја идна украинска влада, доколку сака да преговара, ќе мора да ја препознае новата реалност на теренот.

    За Медведев односите меѓу Москва и Вашингтон се полоши отколку за времето на кубанската ракетна криза од 1962 година.

    Териториите на двата брега на Днепар се дел од стратешките и историските граници на Русија, нагласи Медведев.

    – Затоа сите обиди насилно да се сменат, да се отсечат живи, се осудени на неуспех – додаде тој.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img