More

    Делови од северна и централна Европа се борат со последиците од обилните дождови

    spot_img

    Делови од северна и централна Европа се борат со последиците од обилните дождови
    Делови од северна и централна Европа денеска продолжија да се борат со последиците од обилните дождови, кои претходно оваа недела доведоа до евакуација на стотици луѓе на некои места.

    Бариерата во близина на германскиот град Магдебург беше отворена за прв пат по повеќе од една деценија, со цел да се намали притисокот на надојдената река Елба, која беше речиси четири метри над нормалното ниво во Дрезден, јави германската новинска агенција dpa. .

    Во јужната германска покраина Тирингија, на стотици жители на селото Виндехаузен, кои беа евакуирани на почетокот на неделава, им беше дозволено да се вратат откако беше вратена струјата во селото.

    Во соседна Холандија, реката Рајна рано денеска го достигна врвот во селото Лобит во близина на германската граница, но се очекува нивото на водата значително да се намали во текот на следната недела, соопштија локалните власти.

    Другите притоки на Рајна се очекува да го достигнат највисокото ниво на водата денеска бидејќи плимниот бран се движи кон морето.

    Вработените во итната помош во холандскиот град Девентер, за кој се предвидува дека ќе биде најтешко погоден, поставија вреќи со песок покрај реката Ијсел и ги затворија патиштата за да се подготват за поплави. Во Унгарија Дунав се излеа во Будимпешта и се очекува денеска во главниот град на земјата бранот да го достигне својот врв.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img