Спротивно на општото (женско) мислење, делот од телото кој жените го кријат поради несигурност е токму она што навистина им се допаѓа на мажите.
Позната странска веб-страница посветена на фитнесот спроведе истражување за привлечните физички карактеристики на двата пола, а резултатите доведоа до интересен заклучок.
Еден дел од телото за кој жените често се чувствуваат несигурни и го кријат, мажите го наведуваат како посакувана женска физичка карактеристика. Се работи за стомакот.
Дури и мажите кои сакаат мускулести и атлетски жени изјавија дека стомакот е секси и дека сакаат да го гледаат на жена повеќе од издлабени стомачни.
Кога станува збор за лицето, 87 отсто од мажите изјавиле дека прво ги забележуваат очите, а потоа усните. Мнозинството од машките испитаници потврдиле дека претпочитаат просечен изглед на женско тело, а атлетски градено женско тело е приоритет на само три отсто од анкетираните мажи, пренесува zodvanna.hr.