Српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ откри тајна соба во својата луксузна вила на Дедиње, која до сега не ѝ беше позната на јавноста.
Станува збор за нејзиниот приватен фризерски салон, сместен во рамките на импресивната резиденција која се простира на повеќе од две илјади квадратни метри.
Вилата Ражнатовиќ, позната по својот луксуз, има неколку ката, мермерни скалила, украсна бакарна ограда и големи мермерни столбови. Покрај овие луксузни елементи, има и свој лифт кој води директно до апартманот на Цеца, како и пространа дневна соба уредена по нејзин вкус.
Цеца во текот на подготовките за еден од нејзините концерти одлучила дел од својот интимен простор да сподели со обожавателите преку социјалните мрежи. Снимајќи се со фризерот во својата вила, снимателот во еден момент ја прашал пејачката: „Знаат ли луѓето дека се наоѓаме во твојот салон?“, на што Цеца низ насмевка одговорила: „Не знам дали знаат, но ќе дознаат“.
Овој луксузен салон се наоѓа во непосредна близина на базенот, кој е уште една од содржините со кои може да се пофали вилата на Дедиње.
Вилата на Цеца отсекогаш била предмет на фасцинација, а откривањето на новиот детаљ за нејзиниот животен простор дополнително ја продлабочи таа љубопитност. Позната по беспрекорните фризури, не е никакво изненадување што Цеца решила во својот дом да има приватен фризерски салон, каде во целосна приватност може да се подготвува за настапите и важните настани.