Доналд Трамп, новоизбраниот американски претседател, ќе назначи свој советник за криптовалути и вештачка интелигенција. Дејвид Сакс ќе го советува претседателот во „две области за иднината на американсакта конкурентност“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
„Дејвид ќе се фокусира на тоа Америка да стане глобален лидер во двете области. Тој ќе ја брани слободата на говорот на Интернет и ќе нè оддалечи од предрасудите и цензурата на големите технолошки компании“, напиша Трамп.
Сакс, меѓу другото, треба да даде законска рамка за криптоиндустријата во САД.
Сакс е поранешен оперативен директор на познатата платформа за плаќање „Пејпал“, а има и свој поткаст. Сакс важи за човек од доверба на милијардерот Илон Маск, уште еден клучен играч во новата администрацијата на Трамп.
Маск ќе го води Министерството за ефикасност и се очекува да отпушти илјадници административни службеници.
Сакс заедно со Маск беа меѓу најголемите поддржувачи на Трамп. Тие собраа и донираа милиони долари во неговата предизборна кампања.
Биткоинот, една од водечките криптовалути, неодамна ја надмина вредноста од 100.000 долари.