More

    ДЕЈАН МИТЕСКИ ГО ЗАМЕНИ МУЦУНСКИ ВО АЕРОДРОМ

    spot_img

    На работна средба, утрово во просториите на Општина Аеродром официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, на која присуствуваа поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески.

    Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.

    Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на Советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и до општинската администрација.

    Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина. Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img