Деблокада и донесување на законот  законот за градење, ратификација на панеуро медитеранската конвенција и законот за задолжување за ликвидност на АД ЕСМ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Деблокада и донесување на законот  законот за градење, ратификација на панеуро медитеранската конвенција и законот за задолжување за ликвидност на АД ЕСМ побара претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на средбата со спикерот на собранието Талат Џафери.

Како што соопштија од Комората, законите кои чекаат на одобрување во Собранието се поврзани со намалување на трошоците на извозните компании што директно влијае на нивната конкурентност во услови кога скапата цена на електрична енергија ги стави во исклучително неповолна позиција во регионот и пошироко и обезбедување заем во износ од 100 милиони евра со државна гаранција за финансирање на АД ЕСМ со цел обезбедување соодветно производство и набавка на струја за потребите на домашниот пазар.

„На средбата беше посочено дека покрај Законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој субјектите ќе можат на покривната  конструкција на објект да постават фотонапонска електроцентрала без решение за поставување, согласно членот 74 на овој закон, со што ќе се олесни процесот на поставување на фотоволтаици, како мерка за справување во услови на енергетска криза,  за бизнисот приоритет во моментов е итно да бидат изгласани уште две законски решенија, на собраниска седница на 25-26 октомври 2022 година, ако под услов се состанат Комисиите за надворешна политика и за финансирање и буџет“, се наведува во соопштението.

Од Комората наведуваат дека измените и дополнувањата на  Анекс 4 на ЦЕФТА 2006, е неопходно да се ратификува во земјите потписнички на овој договор за слободна трговија за да може да се применува.

– За извозно ориентираните компании, е од особено значење процесот на ратификација да заврши час поскоро. Ова ќе им овозможи на компаниите да ги користат привилегиите од ревидираната ПЕМ конвенција за извозот на пазарите на ЦЕФТА, со кој, меѓу другото, се укинува забраната за поврат на царина за суровини без потекло, со што се намалуваат трошоците на извозниците и со што стануваат поконкурентни на пазарите во регионот, а се олеснува и добивањето ЕУР 1 сертификат за потекло – велат од Комората.

За компаниите, според комората е исто така важено и одобрувањето државна гаранција на заемот од 100 милиони евра за ликвидност на ЕСМ.

– Ова е неопходно за да се надминат потешкотиите во снабдувањето со електрична енергија, што е клучен проблем во моментов. Најголем дел од заемот е наменет за оперативни трошоци во ХЕЦ Маврово, ХЕЦ Тиквеш, ХЕЦ Треска, ХЕЦ Црн Дрим и Дирекција, како и за набавка на електрична енергија од лиценцирани трговци со електрична енергија и набавка од операторот на електропреносниот систем, АД МЕПСО – велат од Комората.

Оттаму додаваат дека заеднички заклучок од средбата меѓу Џафери и Азески е дека контактите со пратениците, пратеничките групи и бизнис заедницата неопходно е да бидат почести во интерес на стопанството а со тоа и на економскиот развој.

Share This Article