Државниот правобранител Фехми Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од Државното правобранителство попладнево информираа дека државниот правобранител Фехми Стафа денеска до Владата поднел неотповиклива оставка од лични причини.

„Јас, државен правобранител на РСМ, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница“, се наведува во оставката од Стафа.

Од Владата потврдија дека на денешната седница е разрешен државниот правобранител. Стафа беше именуван за државен правобранител на 22 август 2018 година.

Share This Article