Се заоштруваат медијумските препукувања на релација Демир Далип-Кристина Крлеска Деспотовска,актуелна претседателка на ОО СДСМ Охрид и контраверзната директорка на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид Др Ајсел Зејноска.Од една страна грст обвинувања изнесени од страна на Демир Далип, од друга страна грст од закани со тужби спрема Демир Далип,борбата Давид против Гилијат , започнува.
Како главен и одговоен уредник на Охридскај ,од самиот почеток на ваквата неравноправна борба помеѓу Демир Далип и актуелна претседателка на ОО СДСМ Охрид и контраверзната директорка на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид Др Ајсел Зејноска,нема намера да дадам значаен медиумски публицитет, од едноставна причина што како граѓанин на Охрид ,добро знам колку им држи главата и на тројцата,но настанот со Демир далип има малку поинкава и човечка ,а уште поголема политичка позадина,еве и зошто:
-Денешниот демант на директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид Др Ајсел Зејноска испратен до интернет порталот ОхридВест,покажува само моќна позиција на закана -„Ако не се извниш ,ќе те тужам“?!
Како волонтер и кординатор на Регионален вакцинален пункт во Охрид ,патем целиот опремен и финасиран од моја страна, имав можност да на некој начин соработвам со Ајсел Зејноска и да ги увидам сите оние аномалии и вонзаконски активности ,како на Ајсел Зејноска директор на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид,но и на вработените од здравствената институција која ја раководи Зејноска.
Како кординатор го забележав следното:
1.Вработени лекари во здравствената установа со која раководи Зејноска ,а кој беа псотавени тука да земаат анамнези од апликантите за вакцина, истите ги убедуваа граѓаните да не се вакцинираат,тоа било штетно за нивното здравје!
2.Вакцинирање на граѓани прекуредно за парична надохнада!
3.Издавање на лажни сертификати за вакцинација на граѓани ,нормално за парична надохнада.
4.Лична завист и злоба кон другите колеги лекари од ЈЗУ Општа Болница ,кој патем беа столб на вакцинацијата во Македонија,и што уште не се изнагледав и изнаслушав…
-За сите вакви девијантни појави од стана на дел од вработените во ЈЗУ Здравствен Дом Охрид ,кој го опслужуваа регионалниот вакцинален пункт ,веднаш беше известен надлежниот министер за здравство,но во услови кога се апелираше на масовна вакцинација ,обзнаувањето јавно на ваквите девијантни појави во вакциналниот пункт во Охрид ,во прашање ќе ја доведеше севкупната вакцинација во Македонија, но и валидноста на вакциналните сертификати на граѓаните кој се вакцинираа во Македонија….,но за ова во некоја друга прилика,исто и за тоа како од МОЈ ТЕРМИН,се делеа термини за вакцинација со вакцината на Фајзер , по чисто етничка припадност, тие биле печалбари……
Во својот испратен демант во дел од него Др Ајсел Зејноска ќе истакне :„ …како и да се наштети на институцијата ЈЗУ Здравствен дом Охрид во кој најпрофесионално се работи, етички и неполитички“??
Најнапред ноторна лага е дека Ајсел Зејноска не постапувала и работела неполитички! Екватантен приер преставува недоделувањето на Специјализации на вработени лекари како и перманентно малтретирање ,на истите ,кој имаат само една политичка определба ВМРО ДПМНЕ.Во Охрид нема ниту педијатри ,а уште помалку инфектолози,а веќе три години двајца лекари до ЈЗУ Здравствен Дом Охрид ,едниот бара специјализација за Педијатрија, а другиот Инфектологија, и на двајцата лекари Зејноска не им дава специјализација, замислите ,ако можела таа да биде општ лекар, зошто тие би биле специјалисти???Таа е етиката ,професионалноста и неполитички обоеноста на Ајсел Зејноска, или по онаа нејзината -„јас ќе си заминам во панзија како директорка“?!
Ајсел Зејноска како активист на СДСМ доваѓа за директор на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид во 2017 година.Зејноска дежура и како лекар во Итна Медицинска Помош во Охрид исклучиво за празник и викенд ,акко ќе и текне ,секако да го набилда личниод доход со прекувремени сати и државни и празнични дневници,исто како и останатите директори во здравствениот сектор под водство на елементарната непогода која го заедси здравствениот систем во Македонија наречена Беки Сали попознат како Мали Бујар…
Додека Ајсел Зејноска собира материјали за тужба против Демир далип заедно со плавушата – претседател на ОО СДСМ Охрид ,го повикуваме јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција да го провери работењето на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид,како се пишувале прекувремени сати, како се делеле бонуси,како се местеле тендери,како се користат службени возила за приватни цели и како се користи амбулантно возило за да ја однесе директорката Зејноска на партиски состанок во централата на СДСМ во Скопје,а згора на това и за истиот состанок партиски си земала дневни и патни трошкови за себе и за нејзниот личен шофер…
Сашо Денесовски -Лично