Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Енис Барди на прес-конференцијата пред утрешниот меч против Молдавија кој се игра на стадионот „Мардан“ во Анталија во 15:30 часот, изјави дека натпреварувачката форма е на наша страна.
– Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не чека од септември. Овие два натпревари ни се тест, да видиме до каде сме, за да ги поправиме грешките од некои претходни средби – порача Барди.
Тој додаде дека играчите се подготвени за секоја улога што ќе има ја даде селекторот Милевски.
– Свесни сме дека по долго време се собравме пак, гледам дека соиграчите едвај чекаа да се сме заедно. На ниту еден натпревар не ни е потребна екстра мотивација. Со самиот повик за репрезентацијата мора да сме мотивирани, да бидеме подобри и да даваме што е можно подобри перформанси. Овој натпревар е со ривал кој за малку не се пласира на ЕП, може многу да ни помогне за Лигата на нациите. Анализиравме и се подготвивме за Молдавците. Повеќе нема „пријателски“ натпревари, даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија – изјави сигурно Барди.