More

    Даштевски ги соопшти деталите за двојниот изборен процес

    spot_img

    Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски вели дека ќе нема проблеми во одвивањето на предизборната кампања поради двојниот изборен процес и преклопувањата, но оти за време на предизборниот молк за претседателските избори, 48 часа ќе мора да прекине и кампањата за парламентарните избори.

    –  Затоа како двојни избори се предвидени средства кои медиумите ќе ги добијат како за два избори за платено политичко рекламирање. Тука ќе има само една работа. За време на предизборниот молк за претседателските избори ќе мора да прекине кампањата 48 часа. Еден-два дена ќе мора да се прекине кампањата бидејќи би можела да се злоупотреби.  За да не дојде до тоа тие два дена не, а другото сè ќе биде исто и ќе биде после заеднички за двата, за да може да продолжат кандидатите кои ќе влезат во вториот круг и оние што ќе се определат за влез за пратеници – рече Даштевски вечерва во гостување на ТВ Сител.

    Во однос на најавената постапка за усогласување на системот за да има можност кога ќе стигнат граѓаните на гласачкото место да се одлучат дали ќе гласаат само за претседател или само на парламентарните избори, Даштевски наведе дека тоа се промени во софтвер за кои е потребно време, но оти ќе биде испочитувано правото на граѓаните.

    – Не може веднаш. Јас и тогаш мислам дека спомнав, ми кажаа партнерите дека се потребни 60 дена, односно два месеци. Така што од тогаш не се поминати ни месец дена. Тие работат на тоа решение и кога ќе биде готово, ќе дојдат ќе ни го презентираат и тоа ќе биде завршено. Јас тогаш реков дека има решение и дека е едноставно решение. Така што, нема да биде проблем,  а тоа е многу важно за членовите на избирачки одбори и општинските изборни комисии кои ќе имаат обуки како да се спроведува тоа. Меѓутоа, лесна е постапката. Не можам да ја кажам затоа што сè уште не е направена и можеби кога ќе дојдат тие да понудат сосема некое друго решение, за да не прејудицираме, кога ќе дојде време и ќе известиме и ако треба ќе се објасни – истакна претседателот на ДИК.

    Тој се надева дека ќе се комплетира составот на ДИК, а како што оцени, досегашните предизборни дејствија биле добри и важно е таа атмосфера да продолжи.

    Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, додека вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img