Данскиот тинејџерски филм „Хакер“ во режија на Пол Берг ќе биде прикажан утре на „Џифони филмските денови“ во Кинотека

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Данскиот тинејџерски филм „Хакер“ во режија на Пол Берг ќе биде прикажан утре на „Џифони филмските денови“ во Кинотека. Филмот е синхронизиран на македонски јазик, а гласовите ги позајмија: Стефонатор, Гораст Цветковски и Кристина Христова-Николова.

Филмот ја раскажува приказната за тринаесетгодишниот Бенџамин, кој е врвен хакер, но и тинејџер кој е многу недоверлив кон другите по смртта на неговата мајка пред седум години.

Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Агенцијата за филм и Кинотека, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

По прикажувањето на филмот „Хакер“, во Кинотека од 12 часот почнува „Филмската училница“. Како што информира Кинотекaта, „Филмска училница“ – проект за филмска писменост и креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, е наменет за ученици од основните и средните училишта.

„Гледај филмови, учи и создавај“ е мотото на интерактивната филмска училница, каде учесниците имаат можност да се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, да добијат основи на филмска писменост, да научат како да гледаат филм,  како да размислуваат за едно филмско дело и да добијат основни знаења за креирање на сопствени филмски етиди.

Третото издание на „Филмската училница“ е во соработка со Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ и се оддржува секоја сабота, како дел од манифестацијата „Џифони филмски денови“, и е отворена за сите деца кои сакаат да научат како да раскажат филмска приказна.

Кинотека информира дека досега се реализирани четири училници. На часовите учесниците се запознаа со почетоците на филмот во светот и во државата, а беа прикажани филмовите на браќата Лимиер и на браќата Манаки. Учениците работеа вежби на опсервација, разговараа за првите фази на процесот од идеја до филм, зборуваа за своите искуства при снимањата на своите први филмски форми. Прва гостинка беше Леона Јариќ. Беа прикажани и два филма од Националниот фонд на Кинотека – „Луѓе и птици“ и „Свилен конец“, кои побудија интересна дискусија кај учениците.

– Фокусот на оваа Филмска училница е насочен кон три едукативно-кративни сегменти: учесниците  да направат кратка филмска етида, поединечно или тимски, да гледаат кратки играни и документарни филмови од почетоците на македонската кинематографија и да се обидат да направат декомпонирање на одредени сцени во современ контекст, и да добијат можност да си ги престават своите филмски обиди и искуства. Планирано е и да гостуваат и млади филмски автори – се вели во соопштението од Кинотека.

Креатор на Филмската училница е режисерката Марија Џиџева, која ги води часовите, заедно со помладите соработници на Кинотека, а воедно и млади филмски автори Илија Павлов и Филип Лафазановски.

- Advertisement -
Ad image

Проектот е финансиран од Министерството за култура.

Share This Article