More

    Данска од 2025 година воведува еколошка такса за авионски билети

    spot_img

    Во 2025 година Данска ќе воведе еколошка такса за авионските билети, во просек од 13,5 евра до 2030 година, објави тамошната влада, повикувајќи се на европската одлука за воведување таков данок.

    „Транспортниот сектор моментално минува низ брза зелена транзиција, а овој договор се однесува и на воздухопловството. Секогаш ќе може да се патува со авион, но тоа мора да се прави на еколошки начин“, изјави министерот за транспорт Томас Даниелсен, пренесоа данските медиуми.

    Надоместокот, кој ќе се применува за летовите што поаѓаат од Данска, ќе биде 30 круни (четири евра) за летови на кратки релации кога ќе се воведе во 2025 година и постепено ќе се зголемува на 50 круни во 2030 година.

    Надоместокот ќе биде поголем за средни и долги патеки и ќе изнесува 410 круни до 2030 година.

    „Претпоставувам дека со текот на годините ќе имаме заедничка европска регулатива во оваа област. Тоа би бил вистинскиот начин“, рече министерот за клима и енергија Ларс Агард.

    Мерката треба да овозможи финансирање на инвестиции во полза на еколошката транзиција на домашниот воздушен сообраќај, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците треба да носат околу две милијарди евра годишно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img