More

    Данска и Шведска размислуваат за мерки против палењето на Куранот

    spot_img

    Данска и Шведска разгледуваат мерки за спречување или ограничување на сквернавењето на исламската света книга по многуте протести во земјите со мнозинско муслиманско население поради палењето на Куранот, јавуваат странските новински агенции.

    Шведскиот премиер Улф Кристерсон објави дека е во близок контакт со данската премиерка Мете Фредериксен. Како што напиша во неделата навечер на социјалната мрежа Инстаграм, безбедносната ситуација во моментов е најсериозна по Втората светска војна, која може да ја искористат земји, поединци или други актери.

    Претходно во неделата, данската влада објави дека ќе ги разгледа правните опции за забрана на палење на Куранот пред странските амбасади. Како што истакна данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, религијата е дозволено да се критикува. „Но, ако застанете пред странска амбасада и запалите Куран или запалите свиток од Тора пред израелската амбасада, тоа нема друга цел освен провокација“, нагласи тој, додавајќи дека тоа ја загрозува безбедноста на земјата.

    Во пораката на данското Министерство за надворешни работи, пишува дека владата утврдила дека протестите поради палењето на Куранот имаат корист главно за екстремистите, па затоа сака да ја истражи можноста за интервенирање во случаи на навреди кон други земји, култури и религии, што би можело да има негативно влијание врз Данска, вклучително и во однос на безбедноста. Воедно, Министерството истакна дека е неопходно да се води сметка за слободата на изразување, која ја истакна како една од најважните вредности на државата.

    Падна од 68 кат: почина човек кој се искачи на највисоката зграда
    Неодамнешните протести во Шведска и Данска, кои вклучуваат сквернавење на Куранот, предизвикаа лути протести и закани во неколку муслимански земји и ги зголемија дипломатските тензии меѓу Данска и Шведска со земјите од Блискиот Исток.

    Данската влада во неделата предупреди дека протестите достигнале ниво во кое Данска во многу делови од светот се гледа како земја која дозволува навредување и омаловажување на културите, религиите и традициите на другите земји. Министерството додава дека главната цел на некои акции е провокација, која може да има сериозни последици.

    Во четвртокот, шведската влада им нареди на 15 владини агенции да ја зајакнат способноста на земјата да го спречи тероризмот поради влошената безбедносна ситуација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img