More

    Данокот за шеќер за безалкохолните пијалаци во Велика Британија доведе до значителен пад на шеќерот во исхраната на луѓето

    spot_img

    Данокот за шеќер за безалкохолните пијалаци во Велика Британија доведе до значителен пад на шеќерот во исхраната на луѓето, покажуваат резултатите од долгорочно истражување спроведено од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон

    Само една година по стапувањето во сила на данокот на шеќер во 2018., децата внесувале 4,8 грама помалку шеќер дневно, додека возрасните имале 10,9 грама помал внос. Поголемиот дел од ова намалување се сведува на помалку шеќер од безалкохолните напивки.

    Сепак, луѓето сè уште јадат премногу шеќер во целина и не ги исполнуваат упатствата на британските власти или Светската здравствена организација (СЗО), сметаат истражувачите.

    Главен извор, освен газираните сокови, се бисквитите, чоколадото, јогуртите со сладок вкус и житарките за појадок. Шеќерот во мед, сируп, незасладените овошно-зеленчукови сокови, како и „смутито“ се природни, но сепак, се бројат како извори на шеќер.

    Претходни истражувања ги поврзуваат засладените пијалаци со дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и прерана смрт.

    Во Обединетото Кралство, данокот на шеќер беше воведен во април 2018 година, како начин да се охрабрат производителите да ја намалат содржината на шеќер во безалкохолните пијалаци.

    Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека Владата „директно ќе се справи со кризата со дебелината“ и така ќе ги спречи лошите трендови во однос на здравје.

    „Ќе воведеме строги ограничувања за рекламирање нездрава храна, заедно со забраната на децата да можат да купуваат слатки енергетски напитоци со кофеин. Со градење поздраво општество, ќе помогнеме да се изгради здрава економија“, велат од Министерството.

    Насоките од СЗО и Научниот советодавен комитет за исхрана на Обединетото Кралство велат дека луѓето треба да го ограничат консумирањето шеќер на под 5 % од вкупниот внес на енергија. Ова е еднакво на најмногу 30 грама на ден за возрасни, 24 грама за деца на возраст од 7 до 10 години и 19 грама за деца на возраст од 4 до 6 години.

    До денес, повеќе од 50 земји имаат воведено данок на шеќер за безалкохолните пијалаци.

    Новото истражување е објавено во британскиот „Журнал за епидемиологија и јавно здравје“ (Journal of Epidemiology and Community Health). Спроведено е од истражувачи и стручњаци од Универзитетот Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон, и опфаќа податоци од 2008. до 2019 година, од 7.999 возрасни и 7.656 деца кои беа вклучени во финалната анализа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img