Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Вака епидемиологот д-р Драган Даниловски во „Студио 10“ ја оценува ситуацијата со евентуалната нова пандемија која веќе ги зафати Португалија и Шпанија.
Според епидемиологот, не постои простор за страв.
– Целата работа со мајмунските сипаници ми личи како на една лоша драма. Мислам дека премногу силно се изреагира од светските здравствени агенции, нашите медиуми. Јавноста ја крена топката многу високо и сега сите се во вчудоневидување. Дали е мутиран вирус, ќе му направат мутација и ќе стане опасен, тоа се дел од коментарите, но јас мислам дека нема простор за страв – вели д-р Даниловски.