Пејачот Даниел Кајмакоски неодамна стапи во брак по втор пат со својата избраничка. Нивната љубов ја круниса синот кој го добија, а Даниел ја сподели радоста со своите фанови на Инстаграм.
– Таа една мала насмевка додека сонувате е сè што ви треба за да го исполните животот со длабока љубов и среќа – пишува Кајмакоски во објавата на Инстаграм.
Тој има уште еден син од првиот брак со манекенката и пејачка Кристина Димитриевска.
Кајмакоски победи на балканското шоу Х-Фактор Адрија во 2014 година а следната година ја претставуваше Македонија на Евровизија.