Данела се пофали дека на плоштадот има 6 елки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, тврди дека на скопскиот плоштад има поставено шест елки и го обвини својот претходник Петре Шилегов дека трошел по 300.000 евра само за украсување.

Ова Арсовска го рече во синоќешното гостување во емисијата „Тешки муабети“ на Инфомакс, како реакција на коментарите на Шилегов дека „Скопје ѝ е најголема грешка на Данела“.

– Сега китењето чини 30.000 евра, порано чинело 300.000 евра. Треба да разбереме една работа, ние славиме Божик на 7 јануари, секоја година се кити во исто време. Јас еве им ветувам на граѓаните догодина ќе почнеме од септември да китиме. Меѓутоа, во држава во која сѐ се краде, му се цица крвта на народот, тоа не е тема, се товарат со хидроцентрали и тоа не е тема, туку елката на плоштад. Некој го боли оти утре нема да може да краде. За мене поважно е сите овие ранливи категории на кои им овозможуваме цела година да имаат топол оброк, да има каде да преспијат, купивме две возила кои со години не биле купени со кои се транспортираат лица со физички попречености. И тоа не е важно, важна е елката. Секој ден одбирам да помогнеме на тие луѓе, наместо да имаме елка од 300.000 евра и пак имаме елка и не една, туку шест елки – рече Арсовска.

Share This Article