More

    Дамијано Давид „уловен“ со славната американска актерка

    spot_img

    Откако тој и неговата група „Манескин“ ѝ донесоа победа на Италија на Евровизија во 2022 година, пејачот Дамијано Давид често е во фокусот на сите светски медиуми.

    Со оглед на тоа што стекнаа планетарна слава и одржаа бројни концерти низ светот, Италијанецот и другите членови на „Манескин“ се постојано следени од страна на папараците, па така неодамна Дамијано беше фатен и во неверство.

    На социјалните мрежи се појави видео на кое тој се бакнува со друга девојка, по што порача дека му е жал поради таквиот развој на настаните и соопшти дека ја раскинал долгата врска со Џорџа Солери.

     

    Дамијано сега повторно е „уловен“ со нова девојка, и тоа со познатата американска актерка Дав Камерон. Атрактивната актерка била забележана со Дамијано (24) пред неколку дена како заминуваат од концертот на „Манескин“ во Сао Паоло, Бразил, и влегуваат заедно во автомобил.

    Дав присуствувала и на њујоршкиот концерт на популарната група во септември оваа година, а минатиот месец се појави веста дека се бакнувале на една забава.

    Обожавател на „Манескин“ открил на Инстаграм дека Камерон ручала со бендот на плажа, во текот на престојот во Бразил.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img