Дали знаете зошто треба да ставате сол во кафето?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кога доаѓате на работа, а треба брзо да се разбудите и да се вразумите, нема ништо подобро од кафе. Сркањето горко кафе за повеќето е големо разочарување, но денот мора да продолжи со таков вкус. За среќа, вкусот на кафето можете да го подобрите со малку, ништо помалку од – сол!

Освен што ќе ја намали горчината, а со тоа и потребата од нездрав шеќер, па дури и млеко, кафето ќе има подобар вкус. Според гастроентерологот Алтон Браун, совршена мерка е четвртина лажичка сол и две лажици мелено кафе по голема шолја вода. Секако, доколку неговата препорака за количината на кафе ви е премногу, прилагодете ја на сопствениот вкус.

Што ви треба: Кафе и сол

Што правите: Ставете сол во горкото кафе и промешајте

Зошто делува: солта чудно се врзува за пупките за вкус кои откриваат горчина и ги спречува да ја вршат својата работа. Наука, чиста наука!

Резултат: Можеби ќе почувствувате блага трага на соленост, но доколку претпочитате солена нота отколку горчлива, овој трик е идеален за вас, пишува Zapodzena.hr.

Share This Article