Дали знаете што е тоа скимпфлација?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дали знаете што е тоа скимпфлација?

Додека во Европа инфлацијата повеќе не урива рекорди, експертите сковаа нов термин – скимпфлација. Терминот доаѓа од англискиот „skimp” и значи „да се штеди”. Поентата е во тоа што производителите, трговците и компаниите што нудат услуги го намалуваат квалитетот на производите и на услугите и на тој начин штедат.

Како се прави тоа во светот и во Европа?

Веднаш по почетокот на војната во Украина во 2022 година, на пример, производителите на помфрит го заменија сончогледовото масло со палмино масло, кое е поевтино и подостапно. Она што беше смислено како итна мерка сега делумно стана воспоставена појава. Имено, иако сончогледовото масло одамна пак е достапно во доволни количини, само еден од анкетираните производители на помфрит во Германија се вратил на стариот, поквалитетен производ.

Центарот за советување потрошувачи во Хамбург  известува и за послабиот квалитет и повисоката цена на чоколадото што се продава во популарниот синџир „Алди“, млечно и со марципан. Чоколадото со висок процент на какао сега користи само 38 проценти фин марципан, додека порано содржело 45 проценти. А двата вида чоколадо се поскапени.

Скимпфлација значи и понизок квалитет на услугите, главно поради недостигот на работна сила. Долги редици на аеродромите поради недостиг од безбедносен персонал, хотели каде собите повеќе не се чистат секој ден, ресторани кои имаат помалку персонал кој ги опслужува гостите кои чекаат и долги редици пред касите на супермаркетите  – сето тоа може да се нарече и скимпфлација.

– Клиентите плаќаат повеќе а добиваат помала услуга, додека вработените често мора да работат и повеќе од порано – објаснуваат експертите и предупредуваат дека заштедата на работна сила, за да се максимизира профитот на сметка на клиентите или на гостите, е кратковидна стратегија.

Македонците немаат навика да ги читаат декларациите на производите што ги купуваат, за да утврдат дали има промени во составот. Упатените велат дека нашите потрошувачи во принцип се врзуваат за одредени брендови на кои им даваат доверба.

– Искрено, не забележувам такви промени во нашите маркети. Точно знам во кој синџир маркети кои производи ги купувам и моите очекувања, во принцип, се остваруваат. Да, цените се вивнати, но не можам дека производите на кои сум навикната сега се со понизок квалитет. Но, летово бев на одмор во Грција и можам да ви кажам дека во тамошните маркети забележав производи со сомнителен квалитет и воопшто, помал избор од минатото лето – вели скопјанка која ги сподели своите искуства со Плусинфо.

- Advertisement -
Ad image

За разлика од синџирите маркети, кои се држат на високо ниво во поглед на понудата на квалитетни производи, скимпфалцијата сериозно се забележува во секторот услуги.

– Многу луѓе се жалат од нивото на хотелските услуги во нашите туристички центри и особено од квалитетот на услугите во рестораните. Ако сте редовен готин во некој локал, ова лето, како и претходните, можевте да забележите дека искусните келнери што ве послужуваа во текот на годината, едноставно, исчезнале. Веројатно поголем дел од нив работат во Хрватска или во Црна Гора. И кога ќе ви се случи вакво непријатно изненадување, вие се прашувате кој ли сега готви во ресторантската кујна и дали она што го добивате сега е истото што сте го добивале пред неколку месеци. Настрана фактот што менијата речиси во сите ресторани се намалија, а цените полека ги стасуваат европските – објаснува средовечен посетител на стара скопска градска кафеана, во која навраќа повеќе од триесет години.

Share This Article