Најпродаваниот автомобил во Европа во 2023 година не доаѓа од Европа. Доаѓа од Америка и се напојува на струја.
Се разбира, зборуваме за Тесла. Tesla Model Y е најпродаваниот автомобил во Европа за 2023 година, објави Automotive News.
Прелиминарните податоци од експертите за истражување на пазарот во Dataforce откриваат дека Model Y го надмина својот најблизок конкурент, Dacia Sandero, со 254.822 продадени примероци, наспроти 235.893 на Dacia. Овие бројки претставуваат 97 отсто од продажбата во Европската унија, земјите од ЕФТА и Обединетото Кралство.
Една од главните причини е што Tesla воведе значително намалување на цената на почетокот на годината. Компанијата, исто така, имаше корист од стимулации наменети за службени автомобили во Германија, каде што Model Y стана најпродаваниот електричен автомобил со приближно 45.800 регистрации.
Во текот на 2023 година, Model Y беше најпродаван во седум од 12 месеци. Dacia Sandero водеше за четири месеци, додека Volkswagen T-Roc го обезбеди првото место за еден месец.
Ова е список на 20 најпродавани возила во Европа минатата година.
Да додадеме дека лани Peugeot 208 беше најпродаван европски автомобил, а Сандеро и тогаш го зазеде второто место. Model Y е и првиот електричен автомобил кој го обезбеди првото место во продажба во Европа.
Истиот модел беше петти најпродаван автомобил во Америка минатата година со приближно 403.897 единици испорачани на клиентите. Оваа бројка претставува зголемување од 16 проценти во споредба со 2022 година, кога Model Y беше најпродаваното возило на глобално ниво.
Да додадеме и дека VW Golf, кој беше на врвот на продажната табела во 2021 година, падна на седмото место во 2023 година.
Rang | Model | Prodaja u 2023. | Prodaja u 2022. |
1 | Tesla Model Y | 254,822 | 137,608 |
2 | Dacia Sandero | 235,893 | 200,736 |
3 | VW T-Roc | 206,438 | 180,909 |
4 | Renault Clio | 202,942 | 143,293 |
5 | Peugeot 208 | 194,376 | 206,986 |
6 | Opel Corsa | 188,662 | 163,861 |
7 | VW Golf | 184,279 | 177,386 |
8 | Toyota Yaris Cross | 176,685 | 136,959 |
9 | VW Tiguan | 174,267 | 149,023 |
10 | Skoda Octavia | 161,784 | 112,776 |
11 | Ford Puma | 159,778 | 136,976 |
12 | Toyota Yaris | 158,838 | 175,562 |
13 | Hyundai Tucson | 158,831 | 150,728 |
14 | Peugeot 2008 | 158,571 | 140,826 |
15 | Dacia Duster | 156,556 | 149,323 |
16 | Kia Sportage | 152,342 | 137,378 |
17 | Citroen C3 | 146,008 | 143,467 |
18 | Nissan Qashqai | 145,476 | 115,980 |
19 | Renault Captur | 145,078 | 135,066 |
20 | VW Polo | 139,761 | 113,567 |