Дали знаеше? Само еден алкохолен пијалок на ден може да ви го скрати животот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Конзумирањето само еден алкохолен пијалок дневно може да го скрати вашиот животен век за околу два и пол месеци.

Доктор Тим Стоквел од канадскиот институт за истражување на употреба на супстанции рече дека оние кои пијат значително повеќе алкохол од тоа (околу 35 пијалоци неделно) би можеле да го скратат својот животен век за дури две години, пренесува Klix.ba.

„Алкохолот е нашата омилена рекреативна „дрога“. Го користиме за задоволство и релаксација, а последното нешто што сакаме да го слушнеме е дека предизвикува штета. Утешно е да се мисли дека некои пијалоци се добри за нашето здравје, но за жал, тоа не е точно“, рече тој.

Тој истакна дека ниту една количина на алкохол не е безбедна.

Неодамнешните студии покажаа дека консумирањето алкохол може да го зголеми ризикот од одредени здравствени проблеми, како што се рак, срцеви заболувања, мозочен удар, заболувања на црниот дроб и многу повеќе, според Центрите за контрола и превенција на болести.

Иако долго време се веруваше дека црвеното вино е добро за вашето срце во умерени количини, тоа не мора да биде така, бидејќи некои студии го покажаа спротивното.

„Способноста за пиење е знак дека се уште сте здрави, а не причина за добро здравје. Постојат многу начини на кои овие студии даваат лажни резултати кои погрешно се толкуваат така што мислите дека алкохолот е добар за вас“, вели Стоквел.

Share This Article