Србија од утре го запира извозот на брашно, пченка, масло и пченица, изјави вчера српскиот претседател Александар Вучиќ.
Зборувајќи за состојбата со пченицата и пченката, Вучиќ рече дека чека да види дали Русија ќе го забрани извозот на тие две жита.
– Единствените места на кои имаме предност се пченицата и пченката – рече тој.
Вучиќ рече дека Србија ќе има доволно за себе и за регионот.
– Не заборавајте дека ова ни се надоврзува на короната, луѓе умираат, никој веќе не зборува за тоа, бидејќи целиот свет се руши покрај нас – рече тој.
Тој во емисијата Фокус на Б92 истакна дека ќе имаат доволно за себе и за регионот, но дека се што се случува во светот изгледа како крај на светот во економска смисла и толку поразително што нема лек за тоа.