Дали во СДСМ го принудија зашто никој не се нафаќа на пораз?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал, оценува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Од партијата најавуваат дека во наредниот период ќе направат реминисценција на случаи во кои Пендаровски го погазил својот збор и личен интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија.

„Најдобар опис за неговиот карактер е еден бениген пример околу неговата кандидатура за претстојните избори. Пишман Стево Пендаровски успеа да постави рекорд и сам себе да се надмине, односно сам себе да се демантира. Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДСМ никој не се нафаќа да ги изгуби изборите. Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата. За тоа ќе биде казнет на следните избори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article