Големото истражување на истражувачите од францускиот институт INSERM, чии резултати беа објавени во четвртокот, покажа дека редовното консумирање на вештачки засладувачи може да биде поврзано со поголем ризик од развој на срцеви заболувања, но некои експерти повикуваат на претпазливост во однос на ваквите заклучоци.
Милиони засладувачи се консумираат дневно во производи како диетални газирани пијалоци, делумно за да се избегне зголемување на телесната тежина од прекумерното консумирање шеќер, но здравоста на таквите замени долго време е предмет на контроверзии.
Во обид да го проценат влијанието на вештачките засладувачи врз развојот на срцевите заболувања, научниците од францускиот институт INSERM анализирале податоци за повеќе од 100.000 возрасни лица во Франција.
Како дел од студијата NutriNet-Sante, помеѓу 2009 и 2021 година, испитаниците им дале на научниците информации за нивните навики во исхраната, начинот на живот и медицинската историја, доколку ги има.
Триесет и седум проценти од учесниците во студијата користеле вештачки засладувачи, со просечен внес од 42 милиграми дневно, што е еквивалент на едно пакување засладувач или околу една третина од конзерва диетална сода.
Во текот на деветгодишниот период на следење, експертите забележале 1.502 срцеви проблеми, вклучувајќи срцев удар, ангина пекторис и мозочен удар.
Студијата покажа дека срцевите заболувања се развиле кај 346 од 100.000 луѓе кои консумирале големи количини на вештачки засладувачи, во споредба со 314 од 100.000 луѓе кои не ги консумирале.
„Резултатите од спроведената студија се во согласност со последниот извештај на СЗО објавен оваа година. Научниците не препорачуваат користење засладувачи како безбедна алтернатива на шеќерот“, рече Матилде Тувие од INSERM, која ја координираше студијата.
Во извештајот на Светската здравствена организација од април се наведува дека „не постои јасен консензус за тоа дали вештачките засладувачи се ефикасни во процесот на долгорочно слабеење и одржување на тежината или дали се поврзани со други долгорочни здравствени последици“.
Друга студија, заснована на податоците од Nutri-Net, објавени претходно оваа година, откри корелација помеѓу развојот на рак и вештачките засладувачи како што се аспартам, ацесулфам калиум и сукралоза.
Сепак, слични набљудувачки студии неодамна беа под критики од медицинската професија бидејќи не успеваат да ги утврдат причините за разликите во резултатите од истражувањето.
Naveed Sattar, професор по метаболичка медицина на Универзитетот во Глазгов, кој не бил вклучен во студијата, вели дека „има огромни разлики во голем број карактеристики и начин на живот на луѓето кои консумираат вештачки засладувачи во споредба со оние кои не консумираат“. што го оневозможува донесувањето дефинитивен заклучок.заклучок.
Таа ги повика владите да финансираат долгорочни, рандомизирани испитувања „за да не доближат до вистината“. Резултатите од студијата беа објавени во British Medical Journal.