Светскиот ден на вегетаријанците се слави на 1 октомври. Иако некои ќе заклучат дека вегетаријанството е новина и помодораство, тоа всушност има долга историја. Имено, првите корени на вегетаријанството ги наоѓаме во индиската култура и тоа во 6 век п.н.е.
Во средниот век, вегетаријанството било обоено со религиски ноти, не само кај будистите и хиндусите, туку и кај поединечни христијански свештеници во Европа. Во 19 век, можеме да зборуваме за ренесанса или будење на вегетаријанството, кое не се гледа само како извор на храна, туку и како филозофија на животот.
Во 1847 година, во Велика Британија е основано британското вегетаријанско социјално движење. Ова движење делува во ерата на познатите вегетаријанци од тоа време како Лав Толстој и Г. Бернард Шо. Како што индустријата доживува бум, така се зголемува и развојот на вегетаријанската прехранбена индустрија.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.
Фото: Pexels