Дали студеното време може да ја помести грејната сезона од 1 октомври?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и  Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона започнува на 15 октомври 2024  и завршува на 15 април 2025 година, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од комисијата информираат дека исклучок од ова правило ика ако прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден  е еднаква или помала од 12 ºС.

-Тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април – велат од РКЕ.

Согласно Правилата  за снабдување со топлинска енергија и  Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C.

РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници.

Во исто време РКЕ и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за подготвеноста за старт на грејната сезона.

Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за  3,16 %, додека  околу 1200 фирми, училиштата и институции  кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 %

Share This Article