Дали на Министерството за надворешни работи и на министерот Бујар Османи им е познат овој пост на Фондацијата Македонија, објавен на 15 јули годинава?
Илустрацијата, која остава можност за разни толкувања, е проследена со следниот текст: „Пак ќе бидеме едно. За тоа работиме. За тоа живееме. За тоа се трудиме!“
Пак ќе бидеме едно?!
Не вели – ќе бидеме заедно. Вели, ќе бидеме – едно. И тоа – пак. Што ќе рече, како што порано сме биле едно.
Кога биле Македонија и Бугарија едно?
Кратко во Санстефанска Бугарија (на хартија) и малку подолго, речиси четири години, за време на Втората светска војна. Бугарија како окупатор, Македонија како поробена земја. Или, Бугарите како „администратори“, а Македонците како „администрирани“, според новите протоколи.
Фондација Македонија е позната и популарна страница на Фејсбук. Таму пишува дека Фондацијата е непрофитна организација, која „создава трајни врски меѓу општествата на Бугарија и на РС Македонија за да бидеме едно општество во две држави“.
Две недели сите официјални институции во нашата земја ја премолчуваат оваа објавена илустрација, со чудна мапа, придружена со текст кој асоцира на отворени територијални претензии.
Истата мапа ја објави и Петар Колев, претседателот на Граѓанско-демократската унија, политичка партија регистрирана во Македонија: