Дали ќе се спогодат зависи од нивната спремност да го вратат нелегалниот имот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По денешното изречување на пресудата за предметот „Плацеви на Водно“, обвинителката Лиле Стефанова во изјава за медиумите откри дека повеќе осомничени во случајот „Империја“ барале да се спогодат, но таа не ги откри нивните имиња.

Дали ќе дојде до спогодба, појасни Стефанова, зависи од тоа колку осомничените се подготвени да го вратат противправно стекнатиот имот.

– Сега во моментов нема спогодби, но има иницијативи за спогодување. Повеќе лица имаат поднесено иницијативи за спогодување. За лицата и за делата нема да зборувам, а јавноста ќе биде информирана соодветно кога ќе дојде време за тоа. Нема кривично дело за кое не треба или не може да се прифати спогодба, но дали ќе се прифатат условите во постапката за спогодување зависи од тоа на што ќе се спогодат лицата – рече Стефанова.

Предметот „Империја“ го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а освен Орце Камчев и Сашо Мијалков, меѓу осомничените се споменуваа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, и уште девет други лица.

Претходно, Кривичниот суд ги одби жалбите поднесени за одлуката за одземање на имотот на Сашо Мијалков во случајот „Империја“.

Share This Article