Тетовскиот градоначалник Билал Касами го претстави македонскиот град со кој раководи како „албански главен град во Северна Македонија“ и во својата објава на Фејсбук за приемот на косовскиот премиер Албин Курти.
„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“, го повтори Касами истото тоа што го напиша и при посетата на Тетово на делегацијата од градоначалници Албанци од Косово и од Србија (Бујановац) пред три недели.
На последните локални избори во Тетово лидерот на БЕСА победи благодарејќи и на Македонците што гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.