Со цел да влезе во Гинисовата книга на рекорди како градител на најмалиот мобилен дом, 27-годишен Јутјубер од Западна Вирџинија изградил мал дом со сите карактеристики на типичен дом.
На толку мал простор, повеќето работи се подвижни и склопливи. Овде ќе најдете клупа за седење и кревет за спиење, кујна со проточна вода, мијалник и шпорет, како и мал фрижидер.
Ви стои на располагање клима уред со функции за ладење и греење, како и пренослив тоалет и надворешен туш.
Надворешноста на куќата е изработена од кедар, а внатрешноста од неколку различни видови дрво. Во куќата продира многу природна светлина бидејќи има дури четири прозорци.
Куќата е изградена на приколка за автомобил која веќе била во сопственост на Леви, а за нејзината изградба се потрошени околу 5.000 американски долари или 4.600 евра.
Куќата не е изградена само за шоу – Леви Кели ќе ја користи за кампување со сопругата и нивните две деца.